За Нас

Нашата Приказна

Доаѓајќи од автомобилската индустрија, нашата матична компанија BB Classic Cars, стана познат правејќи совршени реставрации на класични автомобили. Специјализирани за реставрација на легендарното Фиќо- Застава 750, направена по лиценца од Фиат во тогашната југословенска фабрика во Крагуевац, имајќи го истиот модел како и Fiat 600. Исто така, реставриравме и создадовме бројни реплики на Fiat Abarth, кои беа подготвени за тркачките патеки, со исполнети сите строги регулативи и норми.

Со цел да го унапредиме нашето производство и да помогнеме во справувањето со најголемиот проблем во нашиот град и пошироко - загадувањето на воздухот, и со помош на FITR, успешно го развивме првиот електричен ZAS G20 во земјава.


Со цел да ги оживееме овие класици, на начин на кој секој ќе може да ја вкуси убавината на нивното возење, решивме да ја создадеме првата компанија за изнајмување Електрични и Класични автомобили во Македонија - Ел Класико. Целта на овој проект е да се донесе нов живот во туризмот на Скопје преку зголемување на понудата што ја имаат странските и домашните посетители кога го посетуваат главниот град. Исто така, им дава можност на луѓето да уживаат во возењето кога имаат прослави, како и обезбедува повеќе можности за брендирање и маркетинг.

Слободно контактирајте неи создадете незаборавни искуства.


УНИКАТНО ИСКУСТВО

Зашто да не одберете нас

Без скриени трошоци

Одлична состојба на автомобилите

Искусен тим

Ние сме тим од професионалци кои обезбедуваат исполнување на сите ваши потреби и услуги поврзани со изнајмувањето автомобил. Сите автомобили се детално исчистени и редовно одржувани.

Zastava 750 Fico

3 типа на автомобили

Совршено реставрирани ретро возила со уникатен стил

Достапен е и приватен возач