Услуги

Svadba Mercedes

Свадби

Одличен начин да ја збогатите вашата свадба и да уживате во најсреќниот ден во ретро стил. Создадете прекрасни моменти возејќи се на еден од нашите автомобили и чувствувајте се специјално.

Car Rent

Изнајмување- Рент а Кар

Без разлика дали сте турист во Скопје или само сакате да се возите со кул класичен автомобил, изнајмувањето на нашиот Електричен ZAS G20 или легендарното Фиќо е совршена опција за вас.

ZAS G20

Брендирање и Маркетинг

Класичните автомобили кои ги нудиме се вистинска атракција за сите возачи и минувачи. Секогаш кога ќе излезат на улица, веднаш стануваат во центарот на вниманието. Тоа е совршен начин да го промовирате вашиот производ или да создадете незаборавна маркетинг кампања.

LET'S LIVE YOUR UNIQUE

Искуство со Класични Автомобили

Ви овозможуваме уникатно искуство кое ретко се доживува. Можете да изберете еден од автомобилите што ги нудиме и да уживате во нивното возење, да ги користите за фотосесии, да ја засилите вашата маркетинг кампања итн. Контактирајте не за да добиете повеќе информации.

Можеме ли да резервираме за групи или поединци

Да, можете да резервирате или за групи или за поединци. Можете да не контактирате за да видите кои автомобили се достапни и за кои датуми и ние ќе ви ги дадеме сите достапни опции.

Како да резервирам

Можете да ни напишете порака со наведување на датумите за кои би сакале да резервирате автомобил и кажете ни која е причината за тоа. Дали ќе биде за свадба, за дневно возење или било која друга причина, а ние ќе ги договориме понатамошните чекори.

Најпрво се среќаваме во нашите канцеларии во центарот на градот, каде што го собираме депозитот и го потпишуваме договорот за закуп; потоа ви ги предаваме клучевите од автомобилот и ве водиме низ основите на управувањето со возилото.

Ве молиме имајте предвид дека Мерцедесот 190, доаѓа со личен возач и не се вози самостојно.

Што ако нешто се случи за време на моето возење

Ќе ги објасниме обврските и одговорноста, но нашите телефонски броеви се достапни 24/7 и треба да ни се јавите ако се случи нешто невообичаено.

Која е цената на секој автомобил

Сè зависи од датумите на резервација и целта на изнајмувањето на автомобилот. Контактирајте и ќе ви дадеме понуда.